Şeyma Uzundere
10 Декември 2023•Ажурирај: 12 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Франција денес соопшти дека соборила две беспилотни летала во близина на брегот на Јемен во Црвеното Море, пренесува Анадолу.
Фрегатата „Лангедок“ на Француската морнарица соборила две беспилотни летала кои се движеле од јеменскиот брег кон фрегатата во Црвеното Море, се вели во соопштението на француската војска.
Се истакнува дека интервенцијата се случила синоќа помеѓу 21:30 и 23:30 часот по локално време, на речиси 110 километри од брегот на стратешкиот пристанишен град Ходеида во Јемен, без да се наведе дали леталата биле таргетирани од бродот на Француската морнарица.
Стратешки важниот пристанишен град Ходеида во Јемен е под контрола на бунтовниците Хуси, кои се поддржани од Иран.
Вчера, бунтовниците Хуси упатија закана, наведувајќи дека ќе го таргетираат секое пловило кое се движи кон израелските пристаништа, освен доколку има дозвола за пренос на храна и лекови во блокираниот Појас Газа.