Ömer Aydın
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
ПАРИЗ (АА) – Вкупно 153 избраници од францускиот парламент и сенатот објавија соопштение во кое му се обраќаат на францускиот претседател, Франсоа Оланд, во кое се вели дека е време за признавање на палестинската држава и дека Оланд ова треба да го направи пред да заврши неговиот мандат, јавува Anadolu Agency (AA).
Отворениот писмен повик кон претседателот Оланд, потпишан од 153 пратеници и сенатори во врска со признавањето на палестинската држава од страна на Франција, беше објавен во неделниот весник, "Le Journal du Dimanch". Во апелот напишан од страна на социјалистичкиот сенатор Жилбер Рожер се нагласува дека француската влада и претседателот Оланд презеле иницијатива за мирот во Блискиот Исток, и дека оваа иницијатива како и дадените ветувања треба да се применат и во пракса. Во соопштението се вели дека Оланд многупати укажал дека во преговорите ќе се дојде до резултат доколку тие се спроведат и под еднакви услови. „Време е да се споведат преговорите меѓу двете држави под еднакви услови“ се вели во соопштението.
Во писмениот повик потпишан од пратеници и сенатори во Парламентот и Сенатот, кои поголемиот дел е составен од социјалисти, се посочува дека Франција има историска одговорност.
„Претседателот Оланд треба да ја признае палестинската држава и не треба да ја пропушти ова историска можност“, се вели во писменото обраќање. Исто така, во ова соопштение од претседателот на Франција беше побарано да ја признае палестинксата држава пред да заврши неговиот мандат, и да не ја одбие оваа можност.
Кон крајот на 2014 година, предлог-законот кој ѝ препорача на француската влада да ја признае палестинската држава, беше одобрен и прифатен од страна на францускиот Парламент и Сенатот.
„Франција ќе ја призане Палестина. Но се поставува прашањето, кога и како ќе биде тоа“, истакна тогаш минисерот за надворешни работи, Лорен Фабиус, кој говореше во име на Владата за време на разговорите за предлог-законот.
„Ако за две години не може да се добијат резултати, Франција ќе ја заврши својата обврска“, рече тој во врска со повторното отпочнување на блискоисточните мировни преговори. Оваа изјава на Фабиус беше коментирана како најава дека Франција по две години ќе ја признае палестинската држава.