Ekipa
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
БЕНГАЗИ (АА) - Двајца војници загинаа во напад извршен денес во градот Бенгази во источниот дел на Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот Мелоуд АЛ-Зеви изјави дека цел на нападот бил конвојот на Махмуд ал-Варфали, командант на специјалните сили.
Ал Зеви рече дека Ал Варфали е повреден во нападот.
Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот во кој беа повредени пет лица.
Минатата недела беше извршен напад врз конвојот на шефот на полицијата на Бенгази, Салах Хувејди.
Либија е место на политичка и безбедносна криза, со две влади, една со седиште во Тобрук, а друга со седиште во Триполи.