Sinan Doğan
10 Јули 2021•Ажурирај: 11 Јули 2021
По смртта на поранешниот претседател на Хаити, Жовенел Моиз, кој загина на 7 јули во атентат, Сенатот на оваа земја го назначи Жосеф Ламберт за привремен претседател на државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на регионалните медиуми, Ламберт, кој ја вршеше функцијата претседател на Сенатот, е назначен за привремен претседател на државата добивајќи ја поддршката на 8 од 10 сенатори.
Педесет и тригодишниот претседател на Хаити, Моиз, е убиен во нападот врз неговиот дом од страна на група вооружени лица, а неговата сопруга Мартина Моиз е повредена.
Привремениот премиер Клод Жозеф прогласи вонредна состојба во земјата по убиството на Моиз.