Ömer Faruk Yıldız
10 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
Земјотрес со јачина од 6,2 степени се случи на отворени води кај индонезискиот остров Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија.
Се истакнува дека епицентарот на земјотресот бил на 112 километри југозападно од градот Малонгуане.
Според соопштеното, земјотресот со јачина од 6,2 степени се случил во 7:43 часот по локално време, на длабочина од 23 километри.
Во земјотресот не се регистрирани жртви, а по земјотресот е даден аларм за цунами.