Ikrame Imane Kouachi
31 Јануари 2025•Ажурирај: 01 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, ги објавија имињата на тројцата израелски заложници што ќе бидат ослободени во сабота како дел од договорот со Израел за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.
Портпаролот на Бригадите Ал-Касам, Абу Убеида, рече: „Како дел од договорот за размена на затвореници, бригадите Ал-Касам одлучија на 1 февруари да ги ослободат следниве израелски заробеници: Офер Калдерон , Кит Семјуел Сигел и Јарден Бибас.“
Според првата фаза од договорот, која треба да трае 42 дена, 33 израелски заробеници ќе бидат ослободени во замена за околу 1.700-2.000 палестински затвореници.
Хамас вчера ослободи тројца израелски и пет тајландски заложници во Газа, а Израел ослободи 110 палестински затвореници.
Тоа беше трета размена од ваков вид откако договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19 јануари.
Во геноцидната војна на Израел во Газа од 7 октомври 2023 година убиени се повеќе 47.400 Палестинци, повеќето жени и деца.