Murat Ünlü
13 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Составот на Владата во Холандија, земја каде што за време на изборната кампања се забележани расистички и ксенофобични ставови, ќе биде обликуван од гласовите на помалите партии, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува дека клучната улога на општите избори што ќе се одржат на 15 март, ќе ја има партијата „Денк“, основана од страна на Tунахан Кузу и Селчук Озтурк. „Денк“ би можела да ги добие гласовите на турските граѓани и на другите муслимани.
Неделната анкета на компанијата „Морис де Хонд“, која се занимава со истражување на јавното мислење, покажува дека предност има Либералната партија (ВВД), предводена од актуелниот премиер на Холандија, Марк Руте.
Поранешниот фаворит, Партијата за слобода (ПВВ) и Унијата на демохристијаните (ЦДА) може да добие 22 места.

Истражувањето покажува дека Зелената левица (ГЛ) би можела да освои 20 места.
Како што се приближуваат изборите, во Холандија се повидливи стануваат ксенофобичните и aнтимигрантските ставови.
Партијата за слобода (ПВВ), на радикалниот десничар Герт Вилдерс, кој сѐ повеќе ја губи поддршката, ветува дека ќе ги затвори џамиите во Холандија и ќе ги укине дозволите за престој на мигрантите.
Иако ПВВ ја губи поддршката, до самиот крај ќе биде во борба со Унијата на демохристијанските демократи и ВВД.
Руте претходно објави напис во холандскиот печат, под наслов: „Ако не ги почитуваш правилата, напушти ја земјата“, а потоа ги забрани активностите на турските министри за претстојниот референдум во Турција, што овозможи дополнителни гласови за ВВД.
За да може одредена партија да формира влада, ќе треба да освои 76 од вкупно 150 места во Парламентот.