Can Erözden
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
РОТЕРДАМ (АА) - Холандскиот телевизиски водител Петер Рудолф де Вриес, вчера, зборувајќи за време на телевизиската програма, ја критикуваше својата земја поради двојните стандарди, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Вриес (61) рече дека неговата земја ја толерира навредата на екстремно десничарската партија, упатени кон муслиманите, но не ги толерира критиките за израелските масакри.
Претходно, во телевизиската програма се појави пародија на победничката песна на овогодишното 63. издание на Евровизија „Toy“, изведена од Нелта Барзилаи. Барзилаи беше исмејана, а во заднина, на настапот од пародијата на песната беа пуштени снимки од масакрите на Армијата на Израел во Појасот Газа.
Водителката и продуцентка на програмата во која беше извршена оваа пародија, Сани Валис де Вриес, доби реакции, при што, Израелската амбасада во Хаг испрати писмо со жалба до телевизискиот канал.
„Холандскиот Парламент ја прифати за нормална желбата на лидерот на Партијата за слобода, Герет Вилдерс, да организира натпревар со карикатури за Мухамед, но секој ја обвинува оваа жена (Сани Валис де Вриес) за тоа што го направи. Бидејќи тука постои двоен стандард“, рече телевизискиот водител.
Вилдерс пред извесно време, имаше нова провокација, при што најави дека во Парламентот ќе организира натпревар за карикатури за пророкот Мухамед.