Zuhal Demirci
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
НАГОЈА/АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари средба со министерот за надворешни работи на Јапонија, Мотеги Тошимицу, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу се сретна со Мотеги во јапонскиот град Нагоја, каде што се наоѓа со цел да учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Г-20.
Јапонскиот министер изрази задоволство што го пречекал Чавушоглу во својата земја, и рече дека кога бил помлад повеќе пати ја посетил Турција.
„Јапонија им придава важност на односите со Турција, која е стратешки партнер на Јапонија и е голема земја во регионот“, рече Мотеги.
На состанокот на двајцата министри е разговарано за билатерални и реигонални прашања.
Исто така, Чавушоглу изрази задоволство што се наоѓа во Јапонија и што им придаваат важност на билатералните односи.
Турскиот министер упати честитики до Мотеги за неговата нова функција.
Шефот на турската дипломатија подвлече дека ќе работат заедно со Мотеги со цел унапредување на турско-јапонските односи, и го покани неговиот јапонски колега во посета на Турција.