Mehmet Şah Yılmaz
19 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации кој треба да се одржи на 20 мај, а кој ќе се фокусира на последните случувања во Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Чавушоглу ќе присуствува на состанокот во Њујорк со кој ќе претседава шефот на Генералното собрание на ОН, Волкан Бозкир“, се вели во соопштението издадено од турското Министерство за надворешни работи.
Чавушоглу кој ќе замине со палестинскиот колега Ријад Малики и пакистанскиот колега Шах Махмуд Курејши, се очекува да има обраќање во Генералното собрание на ОН и да одржи билатерални состаноци со неговите колеги.
„Во Генералното собрание на ОН заедно ќе застанеме против злосторствата на Израел и ќе ги браниме нашите палестински браќа и сестри“, изјави Чавушоглу на Твитер.
Најмалку 221 Палестинец загинаа, вклучувајќи 63 деца и 36 жени и 1.530 се повредени во израелските напади во окупираната територија од 10 мај, се вели во податоците на Министерството за здравство.
Неодамнешните тензии што започнаа во Источен Кудс (Ерусалим), за време на светиот муслимански месец Рамазан се проширија и во Газа како резултат на израелските напади врз верниците во Џамијата „Ал Акса“ и населбата Шејх Џерах.
Израел го окупира Источен Кудс, каде што се наоѓа комплексот на Џамијата „Ал Акса“, за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Израел го анектира целиот град во 1980 година, чекор што меѓународната заедница никогаш не го призна.