Haydar Hadi
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
БАГДАД (АА) - Шиитскиот лидер Муктеда ал Садр води интензивни преговори за формирање нова влада на Ирак, а најавено е дека во кабинетот во Багдад би требало да влезат четири коалициски партнери, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните резултати на парламентарните избори во Ирак на 12 мај победи коалицијата на Садр, Саироон, со освоени 54 пратенички места во Парламентот. На второ место е коалицијата Фатих која ја предводи Хашид Ал Шааби, со 47 места, а трета, со 42 парламентарни мандати е коалицијата што ја води ирачкиот премиер Ал Абади. Коалицијата национална мудрост доби 20 пратенички места, а на нејзино чело е шиитскиот лидер, Амар ал Хаким.
Шиитските лидери Сард и Ал Хаким претходно се состанаа во Наџеф и постигнаа договор за заедничко барање додатни коалициски партнери.
Портпаролот на Коалицијата национална мудрост, Мухамед Џамил Мајахи, утринава соопшти дека во наредните 72 часа ќе биде финализиран коалицискиот договор за заедничко дејствување во Парламентот, и формирање Влада во чиј состав ќе бидат коалициите Саироон, Фатих, Наср и Национална мудрост.
Садр и синоќа допатува во Багдад и одржа одвоени состаноци со актуелниот премиер Ал Абади и лидерот на коалицијата Фатих Хади Амири.
Неименувани извори јавуваат дека на Садр, Ал Абади условно му понудил нов мандат за функцијата премиер. Наводно за возврат барал Ал Абади да отстапи од Исламската партија.
Во согласност со Уставот на Ирак, претседателот на таа земја во рок од 15 дена од одржување на изборите треба да свика конститутивна седница на Парламентот. Новиот состав на Парламентот во рок од 30 дена треба да одржи индиректни претседателски избори, а новиот претседател на Ирак ќе има рок од 15 дена да именува мандатар за состав на новата Влада.