Mahmut Atanur
21 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ЏАКАРТА (АА) - МАХМУТ АТАНУР - Муслиманите во Индонезија го почнуваат ифтарот во Рамазан со чорба од банани, пишува Anadolu Agency (AA).
Муслиманите во регионот ифтарот го почнуваат со чорба од банани, инаку на локален јазик наречена „kolak pisang“, која се подготвува дома и во рестораните, и се продава на тезги поставени пред џамиите.
Има голема заинтересираност за тезгите поставени пред џамиите извесно време пред ифтарот, на кои се продава чорба од банани.
Исто така, рестораните нудат бесплатна чорба од банани за своите клиенти како предјадење за време на рамазанските пости.
Се верува дека започнувањето на ифтарот со чорба од банани, наместо со тешки јадења, го регулира шеќерот во крвта, кој во текот на денот опаѓа, а делува и позитивно на заморот.
Чорбата од банани која е неизоставен дел од рамазанската трпеза на муслиманите во Индонезија, се подготвува со банани, палмин шеќер, кокосово млеко, и листови од пандан, а се додаваат и различни овошја и зеленчук, и се продава по цена од околу 0.4 евра.
„Чорбата од банани е уникатно јадење за Рамазан, којашто во други периоди не се продава толку, но за Рамазан може да се најде секаде“, истакна Ибу Атика, продавачка на чорба од банани.