İlayda Çakırtekin, Beyza Binnur Dönmez
19 Јуни 2026•Ажурирано: 19 Јуни 2026
Швајцарското Министерство за надворешни работи утринава соопшти дека американско-иранските преговори договорени за денес се откажани, јавува Анадолу.
„Разговорите во Биргеншток нема да се одржат денес како што беше планирано“, објави Министерството во соопштението.
„Како резултат на тоа, средбата најавена вчера се откажува.“
Американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во средата вечерта електронски го потпишаа Меморандумот за разбирање од Исламабад, кој има за цел да го трасира патот за ставање крај на војната што Вашингтон и Тел Авив ја започнаа против Иран на 28 февруари.
Според условите од договорот, Иран веднаш ќе го отвори стратегиски важниот Ормуски Теснец додека САД ќе ја укинат поморската блокада, според пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој исто така го потпиша документот во својство на посредник.