Zehra Ulucak
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
МЕКСИКО (АА) - Во оружен напад врз клуб во Мексико, каде што била организирана борба на петли, загинаа шест лица, а 14 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државното обвинителство на Чивава соопшти дека маскирани луѓе извршиле напад на клубот „Санта Марија“.
Четири лица загинале на местото на настанот, а двајца им подлегнаа на повредите во болница.
Меѓу 14-те повредени се наоѓаат две деца на возраст од седум и десет години.
Засега сè уште никој не е уапсен.