Gamze Türkoğlu Oğuz
05 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
СЕУЛ (AA) - Апелациониот суд во Јужна Кореја го осуди наследникот на електронската компанија „Самсунг“, Ли Џе Јонг, на условна казна од 2,5 години затвор, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Според агенцијата „Јонхап“, Ли поднел жалба до Апелациониот суд, бидејќи беше осуден на пет години затвор за поткуп во август 2017 година. Апелациониот суд кој постапувал по жалбата, на Ли му додели условна казна од 2,5 години. Дадената одредба ја изненади јавноста, затоа што обвинителите претходно бараа 12 години затворска казна за Ли.
Заменик-претседателот на одборот на директори во „Самсунг“, Ли, беше осуден по корупцискиот скандал, што доведе до одземање на функцијата на поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Геун Хе.
Ли беше обвинет дека преку неколку невладини организации чиј директор бил Чои Сун Сил, близот пријател на претседателката Парк, им давал поткуп на членовите на владата во вид на донации.
Ли беше прогласен за виновен за поткуп на претседателката Парк во замена за поддршка на Владата за зајакнување на контролата во „Самсунг“.
Четириесет и деветгодишниот Ли раководи со „Самсунг“, откако неговиот татко, Ли Кун-хи е хоспитализиран по доживеаниот срцев удар во 2014 година.