Riyaz Khaliq Khaliq
20 Декември 2021•Ажурирај: 22 Декември 2021
ПЕКИНГ (АА) - Тајван не е шаховска фигура која ја користат другите, изјави денес во Пекинг кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, истакнувајќи ја потребата Кина повторно да се обедини со островската територија за која тврди дека е нејзината отцепена провинција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тајван е скитник кој на крајот ќе замине дома, а не шаховска фигура која ја користат другите. Кина мора да биде обединета“, рече кинескиот министер на Меѓународниот симпозиум за кинеска дипломатија кој се одржува во Пекинг.
„Дојде до нов круг на напнатост во Тајванскиот Мореуз. Срж'та на проблемот е во тоа што тајванските власти се обидуваат да се потпрат на Соединетите Американски Држави (САД) во погледот на независноста, а САД и одредени земји имаат намера да го искористат Тајван за контрола на Кина“, рече Ванг Ји.
Тензиите во Тајванскиот Мореуз, кој ја раздвојува континентална Кина од Тајван, оваа година се зголемени среде поголемите интеракции помеѓу Таипеи и Вашингтон и неговите сојузници.
Пекинг прати рекорден број на воени авиони преку мореузот со цел да ги спречи потезите кои го загрозуваат кинескиот суверенитет.
„Издадовме предупредување и изведовме енергична контрамерка, која ја шокираше ароганцијата на сепаратистичките сили за „тајванска независност“. Одлучно ќе се бориме против сите закани и предизвици кои го загрозуваат суверенитетот, безбедноста и развојните интереси на Кина. Одлично ќе се бориме против сите злонамерно активности кои се мешаат во нашите внатрешните работи и безобѕирното ширење на гласини и клевети“, рече Ванг.
Пекинг тврди дека Тајван, островска држава со 24 милиони жители, е кинеска отцепена провинција, додека Таипеи инсистира на независност од 1949 година и има дипломатски односи со најмалку 15 држави.