Ekipa
28 Јануари 2017•Ажурирај: 29 Јануари 2017
МАДРИД (АА) - Поморските служби за спасување на Шпанија соопштија дека спасиле 49 африкански мигранти пронајдени во чамец, 120 километри од јужниот брег на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворите на шпанската влада наведуваат дека мигрантите во морето се изгубиле во четвртокот.
Откако добиле известување од мароканските власти, шпанскиот спасувачки служби го пронашле брод со мигранти во петокот доцна навечер.
И покрај лошите услови на морето, сите 49 патници пристигнаа во добра здравствена состојба на пристаништето на Алмерија
Шпанската влада минатата година ги засили патролите на нивните граници, откако илјадници африкански мигранти имаа можност да стигнат до европското тло.