Şenhan Bolelli
15 Август 2022•Ажурирај: 16 Август 2022
МАДРИД - Земјотрес со интензитет од 5,4 степени го потресе Кадискиот Залив кој се наоѓа во јужниот дел на Шпанија, известува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за географија на Шпанија објави дека земјотресот со епицентар во Кадискиот Залив што се случил во 22:00 часот по локално време (23:20 по средноевропско време), бил на длабочина од 62 километри.
Претставници на автономната покраина Андалусија информираа дека земјотресот кој е почувствуван и во околината на градовите Кадиз и Хуелва, не предизвикал човечки жртви, ниту материјална штета.