Ekip
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
МАДРИД (АА) - Шпанските власти објавија дека спасувачките бородови спасиле околу 500 мигранти кои се обидувале од Африка да дојдат до Европа, преминувајќи го Медитеранското море, јавува Anadolu Agency (AA).
Франциско Бернабе, шпанскиот претставник во регионот Мурсија изјави дека 461 мигрант денес пристигнал на јужното пристаниште на Картагена, откако во изминатите неколку часа се извлечени од 44 чамци. Наводно чамците тргнале од Алжир.
Службениците на Црвениот крст пристигнаа во пристаништето за да им помогнат на мигрантите.
Уште 40 мигранти се пронајдени во два чамци во Гибралтарскиот премин.
Бернабе овој бран на мигранти го нарече координиран и неприфатлив напад на шпанските граници.
Десетици илјади мигранти секоја година се обидуваат да го преминат Медитеранското море. Илјадници од нив се удавија во морето обидеувајќи се да преминат во импловизирани пловила.