Vesna Besiç
05 Ноември 2016•Ажурирај: 06 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Познатите згради на рускиот град Санкт Петербург синоќа беа осветлени со различни бои кои ги привлекоа погледите на голем број домашни и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Раскошната катедралата Св. Исак синоќа доби посебен изглед. Најголема е во овој град, а од 1931 година катедралата стана музеј. Куполата на оваа катедрала нуди величествен поглед на Санкт Петербург.
За украсување на катедралата беше искористено 43 видови на материјали. Во различни бои минатата ноќ беше и Маринскиот театар. Станува збор за објект за опера и балет, кој беше отворен во 1860 година.
Многу големи опери и балети од 19 век, за прв пат премиерно беа изведени во овој театар, меѓу кои и најголемите сценски дела од Чајковски, Мусоргски и Римски-Корсаков.