Şenhan Bolelli
24 Август 2023•Ажурирај: 24 Август 2023
МАДРИД (АА) - Шпанската автономна заедница Баскија, што се наоѓа во северниот дел на земјата, вчера забележа рекордно високи температури поради топлотниот бран, пренесува Анадолу.
Екстремниот топлотен бран ова лето во Шпанија најмногу го погоди овој регион, при што во подрачјето на Содупе беше забележана највисоката температура досега од 45,3 Целзиусови степени, соопшти Метеоролошкиот завод на земјата.
Алава, една од трите провинции на Баскија, забележа температура од 44,6 Целзиусови степени, додека на аеродромот во Билбао беше забележана температура од 43,7 степени.
Просечната температура на крајбрежјето е околу 36 Целзиусови степени, соопшти Метеоролошкиот завод.
Баскија е единствениот регион во Шпанија каде што е прогласен црвен аларм поради екстремните горештини.