Şerife Çetin
08 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
БРИСЕЛ (АА) - Шпански воен авион, за време на вежбите на НАТО во Естонија, по грешка испука проектил, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Естонија соопшти дека вчера напладне за време на вежбата на југот од Естонија, шпански воен авион „AMRAAM“ испукал проектил.
Проектилот содржел околу 10 килограми експлозив, а припадниците на безбедносните сили на Естонија продолжуваат да ги бараат неговите остатоци.
Премиерот на Естонија, Јири Ратас, на социјалните мрежи напиша дека во несреќата немало загинати, ниту повредени.
Министерството за одбрана на Шпанија започна истрага со која би требало да се утврдат причините за несреќата.
Во вежбата учествуваа два шпански и два француски воени авиони.