Ahmet Furkan Mercan
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Јапонскиот премиер Шинзо Абе за првпат го посети царот Нарухито по неговото стапување на тронот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според националната телевизија НХК, премиерот Абе го посети царот Нарухито во царскиот дворец во Токио. Нарухито, на почетокот на месецот стана новиот цар откако неговиот татко го напушти тронот.
Инсертите од посетата на премиерот Абе беа споделени со јавноста преку Кралската административна агенција (Кунаичо).
Премиерот Абе на средбата ги презентирал деталите за посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, за кого се очекува да стане првиот странски лидер кој ќе се состане со Нарухито во Јапонија, на крајот од месецов.
Претходниот сопственик на хризантемскиот престол, Акихито, во 2016 година истакна дека ќе го напушти престолот поради здравствени причини поврзани со неговата возраст. Тој на 30 април го напушти тронот и се здоби со титулата „Emerit İmparator“ (Пензиониран цар).