Esat Fırat
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ
Куќите во селото Аракиб, кое се наоѓа на пустината Негев, јужно од земјата, каде што живеат Палестинци, израелските сили ги урнаа по 143. пат, јавува Anadolu Agency (AA).
Азиз ет Тури, членот на Комитетот за одбрана на Аракиб, во изјава за АА рече дека израелските сили извршиле рација во селото и ги запалиле куќите.
Тој истакна дека Израел од јули 2010 година по 143. пат ги урива куќите во селото Аракиб, и додаде: „И покрај тоа што е топло и се наоѓаме во месец Рамазан, израелските сили инсистираа да ги запалат куќите во селото. Жените, децата и постарите лица ги оставија без домови.“
Тури, истакнувајќи дека и сега како и порано нема да го напуштат селото и дека повторно ќе ги изградат куќите, рече: „Селото ќе го обновиме повторно. Без оглед на тоа што ќе се случи, нема да го напуштиме селото. Нема да ја напуштиме оваа земја.“
Во селото Аракиб, кое за првпат беше урнато во јули 2010 година, живеат повеќе од 80 Палестинци, израелски државјани. Израелската власт тврди дека селото е изградено незаконски и дека мора да биде уништено. Луѓето од селото пак, нагласуваат дека овие земји биле наследени од нивните дедовци долго пред формирањето на Израел.
По секое уривање на куќите од страна на израелските сили, селаните го продолжуваат својот отпор со обновување на своите куќи со дрвени и пластични материјали.
Како и во другите села во регионот Негев, Израел не ги нуди задолжителните услуги, како што се електричната енергија и водата. Израел, исто така, не ја признава сопственоста врз земјиштето на Палестинците што живеат таму.
Според палестинските извори, Израел досега конфискува 11 милиони хектари од пустината Негев која се простира на 12 милиони хектари. Во тие простори живеат 220.000 Палестинци.