Zehra Ulucak
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер ја погоди Папуа Нова Гвинеја, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Центар за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека земјотресот е евидентиран на 45 километри североисточно од Кокопа, а на длабочина од 10 километри.
По земјотресот е издадено предупредување од цунами.
Сѐ уште е непознато дали има настрадани лица и дали е предизвикана материјална штета.