Muhammed Semiz
22 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
АДЕН (АА) - Најмалку 13 лица загинаа, а 21 се повредени во Јемен од последиците на удар на гром, објавија локалните медиуми во недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Новинската агенција Саба, управувана од Хусите, објави дека во еден ден седум лица загинале, а осум се повредени во провинцијата Хаџа.
Порталот Септември Нет објави дека шест Јеменки ги загубиле животите, а 13 други се повредени кога удрил гром за време на погреб во провинцијата Амран.
Обединетите нации (ОН) на 12 август објавија дека 77 лица загинале во поплавите предизвикани од обилните дождови во Јемен.