Sami Ahmed,Mehmet Nuri Uçar
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
САНА (АА) - Во главниот град на Јемен, Сaна, во месноста Нихм, настанал судир меѓу војската и провладините сили со Хусите, во кој животот го загубиле 35 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Силите за народен отпор Абдулах еш-Шендеки во својата писмена изјава соопшти дека во подрачјето на Нихм, коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија, им дале воздушна поддршка на националната јеменска армија и провладините Сили за народен отпор во судирот против Хусите, по што биле земени под контрола нови територии.
Портпаролот Шендеки соопшти дека Хусите и силите на соборениот лидер Салих имаат 23 загинати припадници, додека од страна на војската и Силите за народен отпор загинале 12-мина, додавајќи дека вкупниот број на ранети од двете страни изнесува 20 лица.
Во Јемен, кој подолг период се соочува со политичка нестабилност, продолжуваат судирите во градовите низ земјата меѓу Хусите и силите блиски на соборениот лидер Али Абдулах Салих со војската и провладините сили. Поради судирите, илјадници лица во Јемен ги загубија своите животи, а илјадници се ранети. Околу 21 милион жители на Јемен имаат потреба од хуманитарна помош.