Gülşen Topçu
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
САНА (АА) - Од 10-ти април, кога е и постигнато примирје помеѓу шиитските бунтовници на Хуси и владините сили, до денес, во Јемен примирјето е прекршено 950 пати, а загинаа 26 војници и 18 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наведувањата на јеменската новинска агенција САБА, од 10-ти април до денес, примрјето е нарушено 950 пати, загинати се 18 цивили и 26 војници, а ранети се 113 цивили и 146 војници.
Во извештајот на оваа агенција се наведува дека се нарушени и човековите права при што Хуси притвориле 163 лица на различни подрачја во Таиза и ограбиле 30 куќи. Раселени се 6.000 семејства, а во три куќи експлодирала бомба.
Од друга страна, во Кувајт траат мировните преговори со цел пронаоѓање решение за кризата во Јемен. Делегацијата која ја претставува јеменската влада на преговорите достави извештај за кршење на примирјето и бараше кршењето да се спречи.
Порачаа дека нема да присуствуваат нa преговорите додека не се спречи кршењето на веќе постоечкото примирје.
Јемен од семптември 2014 година е во длабока политичка и безбедносна криза која прерасна во граѓанска војна од кога шиитските бунтовници го заземаа главниот град Сани и другите места.