Hacer Başer
03 Септември 2019•Ажурирај: 04 Септември 2019
САНА (АА) - Хусите објавија дека во нападот што коалициските сили предводени од Саудиска Арабија го изведоа врз затворот во јеменскиот град Дамар, бројот на загинати се искачи на 123 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на Министерството за здравство на Хусите соопшти дека по нападот што во неделата беше извршен врз затвор во Дамар, досега се пронајдени вкупно 123 тела. Во тек се спасувачки операции за откривање на други тела под урнатините.
Во неделата Хусите објавија дека во објектот во кој ги држеле затворениците, коалициските сили извршиле воздушен напад во кој животот го загубиле 50 лица, а 100 биле ранети.
Комитетот на меѓународниот Црвен крст (ICRC), преку својот профил на социјалните мрежи објави дена Арапската коалиција извршила напад во градот Дамар, во којшто животот го загубиле над 100 лица.
Подолг период во Јемен владее политичка нестабилност. Од септември 2014 година Хусите под своја контрола држат одредени региони во земјата, меѓу кои и главниот град Сана. Во поголем број градови во земјата доаѓа до судири меѓу војската и Хусите. Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ даваат поддршка на Владата на Јемен против Хусите.