Ekipa
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
АМАН (АА) - Кралот на Јордан, Абдула II, по протестите во земјата поради контроверзниот данок на доход и оставката на премиерот Хани ел-Мулки, мандатот за состав на нова влада му го додели на Омер ер-Резаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Јорданскиот кралски суд се вели дека кралот Абдула за формирање на новата јорданска влада го задолжил Резаз.
Кралот Абдула го задолжил Резаз, во ова чувствително време на реформи и развој во кое се наоѓа Јордан, да ги заврши започнатите чекори и да формира нова влада која ќе ја преземе националната одговорност.
Резаз е поранешен експерт од Светската банка, кој во претходната влада го водеше министерството за образование.
Владата на Јордан го бранеше ставот дека нацрт-законот за данок, кој на 21 мај беше испратен до парламентот на гласање, ќе донесе приход од 100 милиони динари (141 милион долари).
Но предлог-законот, кој беше сфатен како диктат на ММФ (Меѓународниот монетарен фонд), предизвика реакции од голем број сегменти во Јордан, по што во голем број градови во земјата, меѓу кои и во главниот град Аман, започнаа протести.
Премиерот на Јордан, Хани ел-Мулки, по вчерашните интензивни протести поднесе оставка, но тоа не ги запре протестите во земјата.