Laith Al-jnaidi
27 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
АМАН (АА) - Јорданските власти денес донесоа одлука за повторно отворање на граничниот премин со Сирија, „Џабер“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Овој потег доаѓа 57 дена откако Аман го затвори терминалот поради воените ескалации во југозападната сириска покраина Дера.
Денешната одлука доаѓа во услови на забрзана нормализација на односите помеѓу Јордан и Сирија.
Четворица министри од сирискиот режим треба да го посетат Јордан денес на разговори за голем број економски прашања.