Ekipa
27 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
АТИНА (АА) - Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го потресе грчкиот остров Крит во 9:15 часот по локално време, во кој загина едно лице, а девет се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Еден работник е извлечен мртов од под урнатините на црква, откако врз него се урнал покривот.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија на Атина, епицентарот на земјотресот е регистриран на 23 километри северозападно од Арви во Хераклион, на длабочина од 10 километри.