Furkan Naci Top
07 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
АТИНА (АА) - Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин, работи на дестабилизација на Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Како учесник на самитот „Concordia Europe“ во Атина, Бајден истакна дека САД и Европа мора заедно да работат на надминувањето на актуелните проблеми во светот.
Укажувајќи на порастот на тензиите на Балканот, Бајден изјави дека таа криза е плод на лошата власт во земјите на тој регион. Тој предупреди и на акутелната криза во Украина и изјави дека проруските милитанти vo источниот дел на земјаta убиле најмалку 100 лица.
„Цела Европа се наоѓа пред многу закани. Јасно се гледа дека Русија, поточно нејзиниот претседател Путин, се обидува да ја дестабилизира солидарноста во Европа. Енергетската криза во Европа, зависноста од рускиот гас се некои од факторите кои Русија ги користи во поткопувањето на темелите на единството во Европа”, порача Бајден.
Повикувајќи на заедништво и солидарност, Бајден изјави дека Европската Унија (ЕУ) и НАТО мора да бидат активни и да опстанат на терен.
Осврнувајќи се и на финансиската криза во Грција, Бајден изјави дека решението на таа криза би било од голема корист за цела Европа. Тој додаде дека поранешниот американски претседател Барак Обама вложил многу труд да ги увери европските лидери во тој факт.
„На Грција ѝ требаат инвестиции и економски раст. Важно е на Грците да им се овозможи да ја задржат својата работа, повеќе да заработуваат и да инвестираат во иднината на своите деца, а не да се зборува за банкрот на таа земја. Затоа сметам дека би требало да се прости финанскискиот долг што го има Грција”, порача Бајден.