Oktaj Omeragik
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
СКОПЈЕ
Вчера и денес се играат натпреварите од 4. коло во кошаркарската ТХЈ Евролига, јавува Anadolu Agency (AA).
Синоќа се одиграа 5 средби од натпреварите на 4. коло во европското најпрестижно кошаркарско клупско натпреварување, ТХЈ Евролига.
Анадолу Ефес во Истанбул го пречека Реал Мадрид. Домаќините не дозволија изненадување и со убедливи 76 : 60 го совладаа Реал Мадрид, искачувајќи се на 3. позиција во лигата.
Црвена звезда во Белград ѝ беше домаќин на Барселона. Барселона приреди извонредна игра на гостинскиот терен и на крајот славеше со 65 : 73, задржувајќи ја првата позиција на табелата. Значајни победи на гостински терен извојуваа и екипите на Панатинаикос и Кимки.
Резултати од вчера одиграните средби:
Анадолу Ефес - Реал Мадрид 76 : 60
Црвена звезда - Барселона 65 : 73
Зенит - Панатинаикос 79 : 89
Макаби Тел Авив - Валенсија 76 : 63
Баерн Минхен - Кимки 74 : 87.
Лидер на табелата е екипата на Барселона, која по победата во Белград има 100 % успех од 4 победи на 4 натпревари. Второпласирана е екипата на ЦСКА, исто така без пораз, а денес во рамките на 4. коло ѝ гостува на екипата Алба Берлин.
По победата над Реал Мадрид, Анадолу Ефес се искачи на 3. позиција со 3 победи и 1 пораз, а по него следуваат Кимки, Баерн Минхен и Панатинаикос.
Тимот на Валенсија се наоѓа на дното од табелата со 4 порази.
Денес се среќаваат:
19:00 Жалгирис - Асвел
20:00 Алба Берлин - ЦСКА
20:45 Милано - Фенербахче
21:00 Басконија - Олимпијакос.