Emrah Gökmen
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
МАЛАТЈА
Турскиот фудбалски клуб Јени Малатјаспор, кој се натпреварува во Спор Тото Супер лигата, во своите редови го донесе фудбалерот Адис Јаховиќ, интернационалец на Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јаховиќ (32) минатата сезона ги бранеше боите на Атикер Конјаспор и на 28 натпревари постигна 6 погодоци. Јаховиќ следната сезона ќе ги брани боите на Јени Малатјаспор.
Клубот преку својот профил на социјалните мрежи објави фотографија со Јаховиќ, кој го носи дресот на Јени Малатјаспор. Во објавата се вели „Добре дојде во Јени Малатјаспор, Адис Јаховиќ“.