Hüseyin Burak Demirer
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Австралијката Ешли Барти стана нова светска тенисерка број 1 откако во финалето на Класичниот женски турнир во Бирмингем со 2:0 во сетови ја совлада Германката Јулија Гергес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во финалето на турнирот во Бирмингем, Велика Британија, се сретнаа Ешли Барти, 2-та на светската ВТА-листа, и Јулија Гергес, 19-та на листата.
Барти, која првиот грен слем шампионат во кариерата го освои на турнирот Франција опен (Ролан Гарос), ја совлада Германката Јулија Гергес со 2:0, во сетови 6:3 и 7:5.
Дваест и тригодишната тенисерка, која ја освои шестата титула во кариерата, стави крај на 21-неделното лидерство на Јапонката Наоми Осака и стана новата светска тенисерка број 1.