Erkan Tiryaki
18 Мај 2019•Ажурирај: 19 Мај 2019
ВИТОРИЈА
По синоќешните натпревари од полуфиналето на Фајнл фор турнирот во кошарка, турскиот претставник Анадолу Ефес и рускиот ЦСКА Москва ќе се борат за шампионската тилула на ТХЈ Евролигата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во финалето на ТХЈ Евролигата, најпрестижното кошаркарско клупско натпреварување во Европа, ќе се сретнат екипата на Анадолу Ефес, која го совлада тимот на Фенербахче Беко и екипата на ЦСКА Москва, која во вториот полуфинален натпревар го совлада тимот на Реал Мадрид.
Анадолу Ефес со резултат 92:73 го совлада Фенербахче Беко, додека ЦСКА Москва го победи Реал Мадрид 95:90.
Финалниот натпревар ќе се одигра во арената „Фернандо Буеса“, в недела, со почеток во 20:30 часот.

- Фенербахче Беко и Реал Мадрид во борбата за третото место
Поразените од полуфиналните борби, екипите на Фенербахче Беко и Реал Мадрид, в недела ќе излезат на паркетот во борбата за третото место на ТХЈ Евролигата.
Дуелот за третото место започнува во 17:30 часот. Минатата година Фенербахче Беко и Реал Мадрид играа во финалето на Фајнл фор, а тимот на Реал Мадрид ја освои шампионската титула.