Dejan Maksimoviç
19 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
ЈУТА (AA) – Ромелу Лукаку во својот втор настап за Манчестер Јунајтед, во текот на подготвителниот период го постигна првиот погодок за новиот клуб. Во клубот од Олд Трафорд стаса на 10. јули за 85 милиони евра од Евертон, но вели дека менаџерот на Манчестер Жосе Мурињо го направил подобар играч, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јунајтед во вториот контролен меч во текот на турнејата во САД со 2:1 го совлада Реал Солт Лејк, а Лукаку беше стрелец на вториот погодок.
„Мурињо знае што можам да му донесам на тимот и тој е некој кој ме турка. И јас себеси се туркам напред, но тој ме прави подобар играч. Мислам дека многу научив од него минатата седмица и драго ми е што можам да работам со него", рече Лукаку за официјалниот веб сајт на Манчестер Јунајтед.
Белгискиот напаѓач додаде дека е среќен поради првиот гол во дресот на новиот клуб, како и дека се надева дека ќе продолжи во истиот ритам.
„Сеуште има многу работа, како што знеме, морам да бидам уште подобар. Драго ми е што сум во Манчестер, бидејќи навистина се гледа дека тоа е голем клуб и тоа е предизвик кој самиот го сакав", заклчучи Лукаку.
Минатата сезона белгискиот репрезентативец во дресот на Евертон постигна 25 гола во Премиер Лигата. Во текот на четири сезони кои ги помина на Гудисон Парк вкупно одигра 133 натпревари и постигна 71 гол. За националниот тим на својата земја настапи 57 пати и постигна 20 погодоци.