Amina Zorniç
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Стогодишната Ида Килинг постави рекорд во атлетската дисциплина трчање на 100 метри за жени 80 години и постари, пренесува Anadolu Agency (AA).
НБС Спорт наведува дека Килинг на 122-та трка "Penn Relaysu", најстариот американски атлетски митинг, во Западна Филаделфија, вчера истрча „рекордни” 100 метри за време од 1 минута и 17 секунди. Таа од 2011 година го држи рекордтот во трчање на 60 метри за жени на возраст од 95-99 години.
Келинг со атлетика почна да се занимава во својата 67-ма година по семејна трагедија во која и биле убиени нејзините два сина, рече нејзината ќерка Шели.
„Тоа беа мрачни времиња. Таа беше многу вознемирена. Еден ден ѝ реков, те водам на трчање. И истрчавме патека долга 3,1 километар. Тоа беше почетокот на нејзината кариера, тоа е одличен лек за неа”, рече Шели.
Запрашана која е тајната на нејзината долговечност, Келинг рече дека тоа е „љубовта кон себе”.
„Сакајте се себе си. Исто така, јадете здрава храна и вежбајте секој ден најмалку десет или 15 минути”, рече Келинг.
Келинг е родена во 1915 година во Харлем, Њујорк. Нејзиниот сопруг починал на 42-годишна возраст, по што сама се грижела за нејзините четири деца. Поради проблеми со дрогата, Келинг ги загубила двата сина, Чарлс и Доналд. Интернет сензација стана поради нејзиното учество во бројни атлетски натпревари.