Doga Kirmizioglu
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
АНКАРА
Првиот финалист на турнирот „Копа Америка“, организиран од страна на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), е репрезентацијата на Бразил, која со резултат 2 : 0 ја совлада Аргентина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Бразил се организира 46. Копа Америка, а утрово во 2:30 часот, во првото полуфинале се сретнаа репрезентациите на Аргентина и Бразил. Средбата се одигра на стадионот „Минеирао“, во градот Бело Хоризонте.
Репрезентацијата на Бразил уште од самиот почеток започна да врши голем притисок на голот на Аргентина и веќе во 19. минута, со погодокот на Габриел Жезус, поведе со 1 : 0.
Бразил продолжи со добрата игра и во второто полувреме. Во 71. минута, Роберто Фирмино постигна погодок за водство на Бразил од 2 : 0, резултат со кој заврши натпреварот. Со оваа победа, Бразил избори пласман во финалето на Копа Америка.
Вториот полуфинален дуел на Копа Америка ќе се одигра меѓу репрезентациите на Чиле и Перу. Натпреварот ќе се одигра утре, во 2:30 часот, на стадионот „Гремио“ во бразилскиот град Порто Алегре.