Berad Büyük
04 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Вториот финалист на турнирот Копа Америка, организиран од страна на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), е репрезентацијата на Перу, која со резултат 3:0 ја совлада Чиле, пишува Anadolu Agency (AA).
Во второто полуфинале во 46. првенство на Копа Америка, се сретнаа репрезентациите на Чиле и Перу. Средбата се одигра на стадионот „Гремио“, во градот Порто Елегре.
Со головите на Едисон Флорес во 21. минута, Јошимар Јотун во 38. минута и на Паоло Гуереро во продолжението на натпреварот, во 90.+1. минута, репрезентацијата на Перу со 3:0 ја совлада екипата на Чиле. Фудбалерот на Чиле, Едуардо Варгас, во 90.+5. минута не искористи пенал.
Во репрезентацијата на Чиле играа фудбалерот на Фенербахче, Маурисои Исла и фудбалерот на Бешикташ, Гери Медел.
Во финалето на Копа Америка ќе се сретнат Бразил и Перу. Натпреварот ќе се одигра на 7 јули (недела) во 22:00 по локално време.