Oktaj Omeragik
27 Август 2019•Ажурирај: 31 Август 2019
СКОПЈЕ
Во организација на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), на 31 август започнува Светското кошаркарско првенство „Кина 2019“. Светското првенство наместо во 2018 е поместено за 2019 и за првпат по 1967 година не се одржува во иста година со Фудбалското светско првенство, што го организира ФИФА, јавува Anadolu Agency (AA).
Светско кошаркарско првенство „Кина 2019“, 18. по ред ќе се игра во 8 града. На ова светско кошаркарско првенство наместо досегашните 24, учествуваат 32 репрезентации од светот. Натпреварите се одвиваат во 8 групи, секоја составена од 4 репрезентации.
По натпреварите по групи, на 10 и 11 септември ќе се одигра четвртфиналето. Полуфиналните натпревари на Светскиот кошаркарски куп се закажани за 13 септември, додека финалниот натпревар и борбата за третото место ќе се играат на 15 септември. Полуфиналните натпревари и натпреварите за прво и трето место ќе се играат во „Кадилак Арена“ во Пекинг.
Поделба по групи:
Група А:
Брегот на Слоновата Коска
Полска
Венецуела
Кина
Група Б:
Русија
Аргентина
Кореја
Нигерија
Група Ц:
Шпанија
Иран
Порторико
Тунис
Група Д:
Ангола
Филипини
Италија
Србија
Група Е:
Турција
Република Чешка
САД
Јапонија
Група Ф:
Грција
Нов Зеланд
Бразил
Црна Гора
Група Г:
Доминиканска Република
Франција
Германија
Јордан
Група Х:
Канада
Сенегал
Литванија
Австралија