Fatih Erel
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Светската фудбалска организација ФИФА денес гласаше за проширување на бројот на национални тимови на Светското првенство од 32 на 48 земји, јавува Anadolu Agency (AA).
ФИФА потврди дека промената ќе стапи во сила од 2026 година.
Денешната едногласна одлука ќе резултира со 16 групи од по три репрезентации.
Русија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2018 година а Катар во 2022 година.
Земјата домаќин на Светскиот куп 2026 сè уште не е одредена.
Проширениот формат на ФИФА, првото зголемување на бројот на репрезентации од 1998 година, се очекува да ги зголеми приходите за 1 милијарда долари.