Oktaj Omeragik
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) - Денеска и утре на програмата се натпреварите од 25. коло на најпрестижното европско кошаркарско клупско првенство, јавува Anadolu Agency (AA).
Денеска и утре, во рамките на 25. коло на кошаркарската Евролига, ќе се одиграат по четири средби.
На првата позиција во Евролигата се наоѓа турскиот претставник Фенербахче Беко со 21 победа и 3 порази, следува ЦСКА Моска во 19 победи и 5 порази, третопласиран е тимот на Реал Мадрид со 18 победи и 6 порази, додека на четвртата позиција се наоѓа тимот на Анаолу Ефес со скор од 15 победи и 9 порази.
Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во Мадрид се среќаваат домаќинот Реал и првопласираната екипа на табелата, тимот на Фенербахче Беко. И двете екипи го загарантираа своето учество во четвртфиналето на Евролигата.
Интересен ќе биде и дуелот во кој четвртопласираниот Анадолу Ефес на домашен терен ја пречекува петтопласираната Барселона. И двете екипи имаат ист скор од 15 победи и 9 порази. Средбата е закажана за петок со почеток во 18:30 часот.
Распоред на натпреварите во 25. коло на ТХЈ Евролигата:
Денес (7 март)
18:15 Дарушафака - Панатинаикос
19:00 Жалгирис - Хербалајф Гран Канарија
20:30 Баерн Минхен - Макаби Фокс
21:00 Реал Мадрид - Фенербахче Беко
Петок (8 март):
18:00 ЦСКА Москва - Армани Милан
18:30 Анадолу Ефес - Барселона Ласа
19:00 Будуќност ВОЛИ - Олимпијакос
20:30 Басконија - Химки Москва