Emre Aşıkçı
20 Февруари 2025•Ажурирај: 20 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2023/24 ќе се одржи утре во 11:00 часот по Гринич во седиштето на УЕФА во Швајцарија, јавува Анадолу.
Осумте најдобри екипи од групната фаза обезбедија директен пласман во осминафиналето, избегнувајќи ги плејоф натпреварите од нокаут-фазата. Во осминафиналето на ЛШ директен пласман обезбедија Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер Милано, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.
На овие тимови им се придружија осумте победници од новововедениот двомеч во плејофот на нокаут-фазата, формат што е воведен во сезоната 2024/25.
Тоа се Фејенорд, Клуб Бриж, Баерн Минхен, Бенфика, Борусија Дортмунд, Париз Сен Жермен, Реал Мадрид и ПСВ, екипи кои обезбедија пласман во осминафиналето со победите над своите противници во нокаут-фаза.
Првите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат на 4 и 5 март, додека реванш-средбите се закажани за 11 и 12 март.