Dejan Maksimoviç
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
МАДРИД (АА) - Зинедин Зидан, тренерот на актуелниот европски шампион на Реал Мадрид, не е затекнат со фактот што Париз Сен Жермен во реваншот на осмина финалето на Лига на шампиони ќе игра без еден од најдобрите фудбалери - Нејмар. Напротив, Зидан предупредува дека парискиот клуб и без повредениот Бразилец е исклучително опасен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Реал на 6. март во „Паркот на принцовите“ против ПСЖ ќе ја брани предноста од првиот натпревар од 3:1.
„ПСЖ е исклучително силен тим и сигурен сум дека играчот кој го заменува Нејмар ќе биде многу добар, па мислам дека ќе ни биде полесно. Жал ни е за него, но ние во моментов сме фокусираме на сабота и натпреварот против Гетафе“, изјави Зидан за шпанските медиуми.
Нејмар беше повреден во неделата во прелиминарен дуел со Олимпик Марсеј така што тој ќе го пропушти финалето на сезоната со Париз Сен Жермен, и сега е прашање колку тој ќе биде подготвен за Светското првенство.
Бразилецот утре го чека операција поради фрактура на метатарзалната коска во ногата, по што ќе биде познато колку точно го чека пауза. Засега, предвидувањата на лекарите на бразилскара репрезентација велат дека тоа е од два ипол до три месеци.