Övünç Kutlu
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американската кошаркарска лига (НБА) направи измена на форматот на „All-Star“ натпреварот, кој секоја година се организира на средината од нормалната кошаркарска сезона, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на интернет-страницата на НБА, почнувајќи од сезоната 2018, составот на конференциските екипи на „All-Star“ натпреварот ќе бидат избрани на поинаков начин.
Изборот на играчите за „All-Star“ натпреварот ќе биде извршен на ист начин како и изминатата сезона. Изборот на првата петорка ја формираат 50 отсто од гласовите на навивачите, 25 отсто од активните играчи и 25 отсто од страна на претставниците на медиумите. Останатите 14 кошаркари ги избираат главните тренери на екипите во НБА.
Од оваа сезона, на натпреварот на којшто секоја година се среќаваат кошаркарите од Источната и од Западната конференција, ќе биде применет различен метод и тимовите повеќе нема да бидат само од источната или од западната конференција.
Играчите од Источната и од Западната конференција кои ќе освојат најголем број гласови, ќе бидат избрани за капитени на тимовите, и како капитени ќе имаат право од играчите кои се избрани според стандардната процедура на гласање за „All-Star“ натпреварот, да ги изберат своите соиграчи од изгласаните играчи од двете конференции, независно од тоа на која конференција припаѓа играчот.
Новиот формат предвидува секоја екипа да избере една добротворна организација за којашто ќе се бори и донациите да ги префрли на таа организација.
Во соопштението на веб-страницата на НБА одвоено е место и за гледиштето на претседателот на Асоцијацијата на играчи на НБА и ѕвездата на Хјустон Рокетс, Крис Пол, кој изјави: „Со голема возбуда ги примив новитетите кои се извршени со цел да се унапреди 'All-Star' натпреварот и извршените измени во лигата. Овој натпревар е од големо значење за сите нас. Нестрпливи сме во Лос Анџелес да приредиме едно големо забавно шоу“.
Претседателот на НБА, Бајрон Спруел изјави: „Возбудени сме поради новиот формат на 'All-Star' и го цениме тоа што играчите сакаат да испробаат нешто ново“.
Капитените на екипите од „All-Star“ натпреварот за 2018 година и првите петорки ќе бидат познати на 18 јануари, а резервните играчи ќе бидат објавени на 23 јануари.
67. „All-Star“ натпревар ќе се одигра на 19 февруари, во спортскиот објект „Стејплс центар“ во Лос Анџелес, со почеток во 03.00 часот по средноевропско време.