Bedrudin Brljavac
15 Март 2023•Ажурирај: 16 Март 2023
ПОРТО (АА) - Интер и Манчестер Сити изборија пласман во четвртфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, известува Анадолу.
По победата во првиот натпревар од осминафиналето со резултат 1:0, Интер синоќа како гостин на стадионот „Драгао“ одигра без погодоци против тимот на Порто и избори пласман во четвртфиналето на Лигата на шампиони.
Во вториот натпревар што се одигра на стадионот „Етихад“, тимот на Манчестер Сити како домаќин го декласираше РБ Лајпциг со резултат 7:0. Дури пет погодоци постигна норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд, а во листата на стрелци се запишаа и Илкај Ѓундоган и Кевин де Брујне.
Првиот натпревар меѓу овие два тима заврши со резултат 1:1.
Денес на програмата се два реванш натпревара од осминафиналето на Лигата на шампиони. Се среќаваат Наполи - Ајнтрахт Франкфурт (првата средба заврши со резултат 2:0) и Реал Мадрид - Ливерпул (5:2).