Abdulkadir Karakaya
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
ЛОНДОН (АА) - Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, е добитник на наградата за најдобар играч за изминатата сезона во Премиер лигата во изборот на Унијата на професионални фудбалери на Англија (PFA), јавува Агенција Анадолија (АА).
Унијата на професионални фудбалери на Англија соопшти дека белгискиот репрезентативец Де Брујне е добитник, а дека во тесна конкуренција биле и неговите соиграчи Илкај Ѓундоган, Фил Фоден, Рубен Дијас и Бруно Фернандес од Манчестер Јунајтед и Хери Кејн од Тотенхем.
Тоа е втора награда по ред за најдобар фудбалер во Премиер лигата во избор на ПФА, што ја освои 29-годишниот Де Брујне. Претходно во тоа успеаја само Тиери Анри и Кристијано Роналдо.
Унијата на професионални фудбалери на Англија (ПФА), исто така, соопшти и дека наградата за најдобар млад фудбалер на годината му припаднала на Фил Фоден од Манчестер Сити.