Ekipa
01 Март 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
ПЕКИНГ (АА) – На повидок е жестока конкуренција меѓу фудбалските тимови што направија трансфер на странски фудбалски ѕвезди во своите редови, во кинеската суперлига, во која заврши зимскиот период за трансфер, јавува Anadolu Agency (AA).
Кулминираа трансферите направени во зимскиот период за трансфер во кинеските фудбалски клубови, во вредност од 388 милиони евра, и ги оставија зад себе клубовите од Англија, кои меѓу европските клубови вложија најмногу пари за трансфер, во вредност од 250 милиони евра.
Во 2017, во периодот на зимскиот трансфер, кинеските клубови ги закитија своите редови со фудбалерите како Оскар од Челси (60 милиони евра), Аксел Витсел од Зенит (20 милиони евра), Алешандре Пато од Вилјареал (18 милиони евра), додека Карлос Тевез потпиша за кинески клуб за годишна плата од 38 милиони евра.
- Кина не мируваше и во зимскиот период на трансфер -
Вчера заврши зимскиот период на трансфер во Кина. Бразилскиот фудбалер на Челзи, Оскар, кој потпиша за Шангај СИПГ за 60 милиони евра, е најскапиот трансфер направен во овој зимски период на трансфер.
Исто така, бразилскиот фудбалер Алешандре Пато, како и Белгиецот Аксел Витсел се меѓу фудбалерите кои направија трансфер во кинеските клубови. Ѕвездата на Аргентина, Карлос Тевез стана фудбалер со највисока плата во светот.
- Кинеската суперлига започнува на 3. март -
Кинеската суперлига ќе започне на 3. март, со дуелот меѓу тимот на Хенфенг Чиченг, кој го трансферираше Тјарон Шери, и тимот на Лиаонинг.
Екипата на Пекинг Гоан, во кој игра турскиот фудбалер Бурак Јилмаз, ќе го одигра својот прв натпревар на 5. март со последниот шампион, Гуанџу Евергранд.
Кинеската фудбалска федерација ја намали квотата на странски играчи кои играат во првиот состав, од 4 на 3, со цел кинеските клубови во државата да ги избегнат ирационалните плаќања.